САД ја доби руската помош за справување со Ковид-19

Руски авион со 60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга опрема, слета на аеродромот во Њујорк, како помош за Америка против коронавирусот. Помошта треба да го пополни недостигот на медицинска заштитна опрема, а која беше договорена меѓу американскиот и рускиот претседател, Трамп и Путин, во телефонски разговор пред неколку дена. Стејт департментот пак денеска излезе со изјава дека медицинската опрема од Русија за САД, не е подарок туку е купена врз основа на договорот меѓу двајцата претседатели.

Стејт департментот не соопшти колку САД ја платиле медицинската опрема, која е предадена на Сојузната агенција за управување во кризни ситуации во Њујорк.

Инаку во САД денеска се регисрирани повеќе од 5.000 нови злучаи со коронавирус, а вкупната бројка се искачи над 215.000. Најлоша е состојбата во Њујор каде заболени се 47.500 лица, со 1.300 смртни случаи. Предвидувањата на властите во САД се дека пандемијата може да однесе во 240.000 живот во Америка.

Во Европа жариште на панедмеијата продолжуваат да бидат Италија и Шпанија каде веќе се регистрирани вкупно од 214.000 позитивни на Ковид-19 и над 22.000 починати. Инаку поради кризџата од Ковид-19 во Шпанија од 12 март до денес без работа останале 900.000 работници.

Расте бројот на заразени и во Франција каде се регистрирани 56.000 и над 4.000 починати. Таму вчера беа регистрирани најголемиот број смртни случи во болниците од Ковид-19 во еден ден, 509, поради што властите нареди транспорт на заболените од Париз и погодените региони во регионите каде има помалку случаи за да се распредели товарот врз болниците во справување со кризата. Транспортот се врши со хеликоптери, возови, воени авиони.

Во Словенија пак собранието денеска ќе ја започне расправата за таканаречениот „Мега корона закон” вреден три милијарди евра. Законот предвидува финансиска помош за граѓаните и компаниите кои трпат големи загуби поради епидемијата на коронавирусот.

Во Србија каде бројот на заболени надмина 1.000 денеска ќе ја повлече одлуката за централизирано информiрање за коронавирус, откако беше уапсена новинарска поради информација за недостиг на маски во новосадската болница и откако ОБСЕ изрази загриженост за централизиранотот информирање за вирусот донесена од српската влада.

Во Грција пак каде бројот на заболени е поголем од 1.400, грчката православна црква соопшти дека литургии за време на неделата пред Велигден, во црквите ќе се одржат зад затворени врати, без разгласни уреди и без биење на камбаните.

Инаку во целиот свет бројотна заболени од новиот коронавирус се приблужува кон еден милион и 50.000 починати.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ