Саакашвили приведен во Киев

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој е лидер на украинското Движење на новите сили, денеска е приведен во Киев, соопшти неговата портпаролка Татјана Баграновскаја.

– Михаил Саакашвили денеска беше грабнат во ресторанот Сулугуни недалеку од просториите на нашата партија, изјави таа, додавајќи дека тој бил насилно внесен во бело комбе и одведен во непознат правец.

Таа наведе дека луѓето кои го привеле Саакашвили биле во маскирни униформи и дека не се претставиле.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ