
Рут Крис Стујарт: Луѓе со различно потекло градат силно и хармонично општество
Луѓе со различно потекло работат заедно и градат силно и хармонично општество. Тоа е пораката што ја споделуваме со светот, вели во интервју за Телма, амбасадорката на Австралија во Македонија, Србија и Црна Гора. Нејзината екселенција, Рут Крис Стујарт, деновиве престојуваше во Скопје. Се обрати на настанот „ Ден на Австралија“, а сношти во Кинотеката на Македонија, ја отвори „ Неделата на австралиски филм“. Во интервјуто таа зборува за зајакнувањето на културната соработка меѓу двете земји, преку содржини што ќе ги видат граѓаните низ Македонија, како и за моќта на културата и уметноста да ги поврзат различните народи, кога политиката не успева.
Разговорот го водеше Сотир Трајков