Руската црква ги прекина односите со Цариградската патријаршија

Руската православна црква ги прекинува односите со Цариградската патријаршија.

Одлуката ја донесе Светиот синодот на Руската црква, на денешното заседание во белорускиот главен град Минск.

На заседанието на Светиот синод, беше донесено решение за целосен прекин на комуникацијата со Цариградската патријаршија, изјави по седницата рускиот митрополит Иларион.

Синодот оценил дека во сегашните услови, невозможна е понатамошна комуникација на Руската црква со Цариградската патријаршија.

Одлуката доаѓа, по соопштението на Цариградската партијаршија во четвртокот, дека се согласува да ја признае независноста на украинската црква..

Цариградската патријаршија реши да ја укине одлуката од 1686 година, со која киевската митрополија и е предадена на московската патријаршија.

Со укинување на таа одлука Цариградската патријаршија полага право на црквата во Украина.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ