Русија започна со клинички тест за вакцина против корона вирусот

Русија започна денеска со клинички тест на вакцина за коронавирусот, соопшти министерството за здравство на оваа држава.

Две верзии на вакцината развиена од московскиот институт Гамалеја, во течна форма и прашок за инекции, ќе бидат тестирани на две групи волонтери, секоја составена од 38 луѓе.

Учесниците во пробата ќе бидат изолирани во две болници во Москва.

Ана Попова, шеф на руската федерална агенција за заштита на правата на потрошувачите и здравјето на луѓето, изрази надеж дека вакцините како прво ќе бидат безбедни а како второ и ефективни.

Според руските медиуми, најмалку 7 истражувачки институции во моментов работат на вакцините за коронавирус.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ