
Русија собори бунтовнички дрон во Сирија
Руската армија соопшти дека соборила еден дрон, кој ја нападнал воздухопловната база Хмејмим во Сирија.
Дронот бил управуван од сириските бунтовници и бил лансиран од територија под нивна контрола.
Беспилотното летало било соборено на безбедна оддалеченост од базата Хмејмим.