
Русија протера грчки дипломати за да ја санкционира Атина
Грчкото Mинистерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот амбасадор во земјата, Андреј Маслов, во знак на протест поради одлуката на Москва да ги протера грчките дипломати. Се претпоставува дека Русија презела ваков чекор за да ја санкционира Атина, која во јули протера руски дипломати.
Од руското Министерство за надворешни работи, пак, велат дека го повикале грчкиот амбасадор и му дале белешка, информирајќи го за мерките што ги презема руската страна. Досега не се познати имињата на грчките дипломати кои се избркани.
Дипломатски извори на „Катимерини“ во Атина реакцијата на Москва ја опишуваат како „асиметрична“. Истите, додаваат дека Атина во моментов одлучува како ќе постапи по овој чекор на Русија.