
Русија и Кина со нацрт резолуција во СБ на ОН за демилитаризација на Корејскиот полуостров
Русија и Кина подготвија нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН со која ги повикуваат сите страни да ги намалат воените тензии на Корејскиот полуостров.
Документот ги повикува сите заинтересирани страни да размислат за спроведување понатамошни политички чекори за намалување на воените тензии на Корејскиот Полуостров и можноста за каков било воен конфликт.
„Ова би значело, меѓу другото, склучување договор меѓу воени претставници и усвојување на официјална декларација или мировен договор за (официјалниот) крај на војната во Кореја“, се наведува во нацрт-резолуцијата. Дипломатски извор од ОН за руската агенција Тасс изјави дека се уште не е утврден датумот на гласање. Тој додаде дека пред гласањето на документот, ќе се одржат консултации со сите земји-членки на Советот за безбедност на ОН