
Русија и Британија во вербална војна за случајот Скрипал
Русија ја обвини Велика Британија дека „си игра со оган“ и „шири лажни вести“ за случајот со отруениот двоен агент Скрипал и неговата ќерка. Отворената седница на Советот за безбедност при Обединетите нации, посветена токму на овој случај се претворила во вербална војна со меѓусебни обвинувања меѓу рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја и бритснаксиот Карен Пирс.
Во своето обраќање Небензја кажа дека обвинувањата биле „ужасни и неосновани“ и дека Британија ја предводи пропагандната војна против Русија за нервниот агенс „Новичок“ кој бил користен при нападот на Скрипал. Тој додаде дека агенсот не бил заштитен со авторски права од Русија, и покрај очигледното руско име и се произведува и во многу други земји.
Британскиот амбасадор во ОН, Карен Пирс рекла дека руското барање за пристап до Јулија Скрипал е проследен до неа и дека го чекаат нејзиниот одговор.
Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли не присуствувала на седницата,и испратила своја заменичка која ја поддржала Велика Британија и нагласила дека вклучувањето на Русија во истрагата би било исто како пироман да учествува во истражувањето на пожарот кој сам го предизвикал.
Според последните информации, Скрипал веќе не е во критична состојба, реагира на терапијата и брзо се опоравува а ова го потврдија и од болницата во Салисбери каде е хоспитализиран.
Обидот за убиството на двојниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беше изведен на 4 март кога двајцата биле изложени на голема доза на моќниот нервен гас „Новичок“.
Огнен Чанчаревиќ