Русија е заинтересирана за безбеден Балкан, порача Путин од Белград

Косово и последните и последните провокативни одлуки на владата во Приштина беа во центарот на дискусијата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и српскиот Александар Вучиќ во Белград. Зборувајќи токму за ова прашање Путин рече дека Москва ја споделува загриженоста на српското раководство во врска со Косово бидејќи чекорите на Приштина во последно време може да предизвикаат дестабилизација на Балканот.

Русија како и Србија е заинтересирана Балканот да остане стабилен и безбеден. Рускиот став за Косово е познат, се залагаме за постигнување прифатливо решение врз основа на Резолуцијата 1244, порача рускиот претседател.

Путин со задоцнување од час и половина пристигна во Белград на „историската посета“- како што ја најавија српските медиуми. Заедно со има голема делегација со мноштво звучни имиња, меѓу кои шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров,првиот човек на агенцијата за вселенски истражувања, „Роскосмос“, Димитриј Рогозин, шефот на Гаспром Алексеј Милер, како и повеќе министри и ректори на три поголеми универзитети. Во официјалниот дел на посетата ќе бидат потпишани 21 договор, вредни повеќе стотици милиони евра, на полето на инфраструктурата, железниците, земјоделието, иновациите, образованието, дигитализацијата, реновирањето на хидроелектраната „Ѓердап 2“ и др.

Никогаш не сме потпишале толку договори и тоа од речиси сите сектори. Нашата трговска размена се зголеми, нашите економски односи се се подобри и разговаравме и за соработката која ни претстои, оцени Вучиќ.

Пред посетата на Белград Путин за весниците Политика и Вечерни Новости даде интервју во кое го обвини западот дека се обидува да обезбеди доминација на Балканот преку приемот на Црна Гора во НАТО и притисокот кој се врши врз Македонија и таа да стане членка на НАТО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ