
Рикер е нов помошник државен секретар на САД – пишува „Катимерини“
Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер, е назначен за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“ без да го наведат изворот на информацијата. Според весникот, Рикер на таа позиција ќе го замени Вес Мичел. Со работа треба да започне во март.
Рикер три години беше амбасадор на САД во Македонија, во периодот од септември 2008 година до август 2011.
Неговиот претходник на таа функција, Вес Мичел, минатиот месец самиот даде оставка поради лични и професионални причини.