Рекордно зголемување на невработеноста во Франција

Седум отсто е зголемувањето на бројот на невработени кај лицата од категоријата А (без активност) во текот на март а бројот на невработените се зголемува и за целото прво тримесечје од оваа година.

Првите ефекти од кризата со коронавирусот се почувствуваа силно  врз бројот на невработените. За првото тримесечје од годината, бројот на невработените од категоријата А е 3,5 милиони лица, според бројките на Центарот за вработување.Од министерството за труд оваа бројка се објаснува со замрзнувањето на новите вработувања, отколку со бран на масовни отпуштања од работа.

Во моментов во Франција има 5.7 милиони невработени граѓани.

Министерството за труд најави дека парцијалната невработеност, која се должи на мерките на ограничување поради коронавирусот ја користат над 10 милиони вработени, односно скоро половината од приватниот сектор

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ