Рекорден број на убиства во Мексико во 2019

Во Мексико минатата година извршени се 34.582 убиства, најмногу од 1997 година, кога почна да се води таква статистика, соопшти полицијата.

Тоа значи дека просечно се случувале по 95 убиства дневни или четири на час, што е за 2,5 проценти повеќе од минатата година.

Мексико брои 126 милиони жители, а проблемот со убиствата се влошува од 2006 година, кога се засили борбата против трговијата со дрога, во која е вклучена и армијата.

Од 2006 година убиени се речиси 275.000 луѓе во Мексико

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ