
Регистриран „Кавасаки синдром“ кај деца кои имале КОВИД 19
Педијатрите во Италија се загрижени поради ретката болест која се појавила кај некои деца кои биле позитивни на КОВИД 19, или биле во контакт со некој инфициран.
Станува збор за болеста Кавасаки Синдром, и се појавила кај деца во регионите кои во Италија беа најпогодени од пандемијата. Кавасаки болеста е ретко заболување кај децата кое предизвикува воспаление на ѕидовите на крвните садови. Се карактеризира со висока треска, чешање, зголемени лимфни жлезди, конњуктивит, отечен јазик, усни, и екстремитети. Педијатрите апелираат до родителите веднаш да побараат лекарска помош ако ги забележат овие симптоми кај нивните деца. Во изминативе две недели забележани се пет случаи, што е многу бидејќи на годишно ниво се јавуваат седум до осум случаи. Загрижувачки е тоа што, овојпат Кавасаки болеста не реагира на терапијата која докторите обично ја препорачуваат. Сепак, болеста ретко завршува фатално, но докторите апелираат на внимателност.