Речиси 700.000 заразени од корона вирус во Америка

Бројот на заразени од новиот коронавирус во САД е зголемен за 29.002 за последните 24 часа и сега изнесува  690.714, соопштија од Националната здравствена служба на САД.

Смртните случаи се зголемиле за 2.394 и достигнаа 35.443.

Податоците објавени од федералната здравствена служба се за 17 април. Тие може да не се совпаѓаат целосно со броевите што ги соопштуваат одделните држави.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ