Реакции и осуда по нападнат новинарот на телевизија Бјелина, Владимир Ковачевиќ

Во Бања Лука синоќа со метални шипки пред неговиот дом е нападнат новинарот на телевизија Бјелина, Владимир Ковачевиќ. Со повреди на главата тој е префрлен во болница.

Од полицијата не дадоа многу информации, а како што пренесоа некои медиуми, увидот е прекинат „поради ноќта“, за да продолжи рано утрото.

Во меѓувреме стигнуваат реакции од сите страни. Комплетната новинарска заедница во БИХ, додуша поединечно, веднаш даде безрезервна поддршка на Ковачевиќ и го осуди чинот како удар врз демократијата.

Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува бруталниот напад врз новинарот и дописник на БН ТВ Владимир Ковачевиќ.

Осуда стигнаа и од Милорад Додик, кој во јавноста не важи за некој кој почитува медиуми, а уште помалку новинари. Затоа некои аналитичари ги обвинуваат и самите новинари, зашто дозволија со години таквиот однос кон професијата без сериозно спротиставување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ