Разрешен потпретседателот на ЕП, Ричард Чарнецки

Пратениците во Европскиот парламент денеска со 477 гласови „за“ и 196 „против“ изгласаа смена на потпретседателот на ЕП, Ричард Чарнецки поради несоодветни коментари.

Шефовите на политичките партии во ЕП минатата недела предложија Чарнецки да биде сменет од функцијата поради „тешки навреди“. Всушност, Чарнецки ја поистовети европратеничката Ружа Тун со полските нацистички колаборационисти од Втората светска војна.

Полјакот Чарнецки кој е член на Европските реформатори и конзервативци и покрај тоа што е сменет од функцијата, сепак останува европратеник.

ЕП има еден претседател и 14 негови заменици. ЕП сега треба да избере нов потпретседател на местото на Чарнецки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ