Разговори Путин – Ердоган во Москва

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и шефот на руската држава, Владимир Путин денеска во Москва разговараа за сирискиот конфликт и за начинот на кој може да се стави крај на непријателствата во северо-западна Сирија, што се закануваше да ги доведе Турција и Сирија во директен воен судир.

Досега двете држави успеа да ги координираат своите операции во Сирија иако Русија го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад додека Турција застана зад бунтовниците во 9-годишната граѓанска војна во оваа држава.

Офанзивата на сириските владини сили во провинцијата Идлиб, последното упориште на бунтовниците, присили речиси 1 милион луѓе да се упатат кон Турција. Ердоган одговори со отворање на патот кон Европа, предизвикувајќи нова мигрантска криза на границата со Грција.

  • Ние секако треба да разговараме со вас за сите настани кои не доведоа во оваа ситуација, со цел ништо слично да не се повтори и да ги уништи руско-турските односи, на кои ние но и вие исто така, посветуваме многу внимание и ги почитуваме, Владимир Путин , претседател на Русија.
  • Чекорите кои ќе ги преземеме, неопходните одлуки кои треба да ги донесеме денеска ќе ја олеснат загриженоста на луѓето во регионот но и на нашите држави, кажа Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ