Расте бројот на новозаразени- Балканот стравува од втор бран

Непочитувањето на веќе постоечките мерки за заштита од корона вирусот, го зголеми бројот на заболени во речиси целиот Балкан. Албанија денеска ја регистрираше 36 жртва, што беше доволно за премиерот Рама да и се обрати на јавноста им се закани на луѓето дека повторно ќе воведе забрана за движење, ако не ги почитуваат мерките воведени во целиот свет – да се носат маски и ракавици, и социјална дистанца.

  • Бројот на заразените гледате расте,исто така се зголемува и бројот на оние кои се лекуваат болнички. Она што е најзагриужувачко е што доколку трендот на новозаразени продолжи вака, не само што може да ни донесе големи штети по човечките животи и здравјето на секого, туку може да не врати назад, да се затвориме во карантин се до пронаоѓањето на вакцината, порача Еди Рама.

Изминативе две недели Албанците уживаа во рестораните и кафулињата, но бројаката на заболени во изминативе три дена нагло е зголемена, и станува двоцифрена, а најмногу поради непочитувањето на здравствените препораки.

Во последните неколку дена епицентарот на заразата во Србија, пак, е Белград, а според експертите, станува збор за случаи што се регистрирани на семејни собири или меѓу работници.

  • Сите овие зголемувања на инфицирани во одредени места, каде се регистрирани, се исклучиво поврзани за семејсни собири, семејни контакти, контакти во работни колективи или други затворени простори, вели епидемиологот Дарија Тапавчевиќ.

Оваа недела во Белград имаше случаи на инфекција со коронавирус во градинките, училиштата и студентските домови. Кинеските доктори кои им помагаа на српските во борбата, денеска сепак си заминаа од земјата. Србија нагло ги олабави мерките, за што опозицијата го обвинува претседателот Вучиќ дека му се поважни изборите кои се закажани за 21 јуни, отколку здравјето на граѓаните.

И Босна има нагло зголемување на инфицираните паралелно со олабавување на мерките. Педијатрискиот оддел во Сараево е привремено затворен откако двајца здравствени работници се позитивни на вирусот. Епидемиолозите апелираат луѓето да бидат одговорни.

  • Стравуваме дека голем број на тешки случаи ќе го оптоварат здравствениот систем, кој нема да биде во состојба да се справи со сите тие случаи. Уште една апелираме: ве молам да бидеме оддговорни, не само за себеси, туку и за вашата средина, апелира главниот епидемиолог во ИЈЗ Сараево, Аида Питиќ.

Грција откако ги отвори плажите, властите немаат попустливост во почитувањето на мерките. Бар на плажа недалеку од Атина заработи глоба од 20.000 евра, затоа што беше домаќин на стотици луѓе, со што ги прекрши владините ограничувања наметнати поради коронавирусот.  Грција официјално ќе ја отвори туристичката сезона на 15 јуни, но во последните 24 часа во Грција се пријавени 20 нови случаи на коронавирус.

Вториот бран на болеста е неизбежен, со олабавувањето на мерките, велат експертите, но ако не се почитуваат мерките, предупредуваат дека голем дел од државите можат повторно да се вратат во карантин.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ