
Путин во официјална посета на Србија
70 илјади луѓе ќе го пречекаат рускиот претседател Владимир Путин кој денеска се очекува да пристигне во долгонајавуваната посета на Белград. Ќе го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ со кого треба да потпишат над 20 спогодби и ќе бидат разгледани некои политички прашања, пред се за Косово, јавуваат српските медиуми.
Путин ќе го обезбедуваат 5.000 српски полицајци и припадници на тајните служни, и околу 300 до 350 припадници на руските безбедносни служби. По пречекот и официјалните разговори Путин и Вучиќ вечер ќе ја посетат црквата „Свети Сава“ каде што е најавен собир по повод престојот на рускиот претседател.
Белград по четврти пат го пречекува рускиот претседател, што за Западот е контрадикторна политика, од каде пристигнуваат совети дека не може да се седи на две столици. Но, Белград е убеден во пат со две насоки – во членство во Еу и пријателство со Русија.