Путин: Може да избие нуклеарна војна меѓу Русија и САД- тоа би ја уништило планетата

И даде поддршка на Мај за Брегзитот, ја поздрави одлуката на Трамп за повлекувањето од Сирија и го критикуваше укранскиот претседател Петро Порошенко, дека инцидентот во Керченскиот теснец го користи за да си го подобри рејтонгот пред избори.
После непроспиенита ноќ помината во подготовки за одговорите на годишната прес – конференција, Путин пред 1.700 новинари од сите страни на светот, се пофали за силната руска економија и развој на нови национални проекти – роботика, дигитализација, архитектура и слично. За него обвинувањата за руската шпионажа од Западот се изговор за да се „запре развојот“ на Федерацијата.
Иако новинарите ги спореди со разузнавачи, бидејќи и едните и другите работеле со инфомации, кога тие од него побараа одговор што ако дојде до нуклеарна војна меѓу светските сили, Путин рече дека тоа ќе ја уништи планетата земја.
–      Ако тоа се случи, тоа би можело да доведе до уништување на целата цивилизација и може да биде дури и нашата планета. Значи, овие прашања се сериозни и голема штета е тоа што овој тренд на потценување продолжива, па дури и расте. Сведоци сме на распадот на светскиот систем за контрола на оружје, на трката во вооружување.
Откако САД се повлекоа од договорот за противракетната одбрана, Русија морала да го модернизира своето оружје заради своја безбедност. И да не кукаат кога ќе стекнеме предност, му порача тој на ривалот Трамп, со кого односите веќе го допреа дното.
–      Не, тие прават уште еден чекор, го повлекуваат договорот за намалување на ракетите со краток и среден дострел. Што ќе се случи со тоа? Тешко е да се замисли како ќе се развие ситуацијата. Што ако овие ракети потоа бидат базирани во Европа? Ние ќе мораме да ја осигуриме нашата безбедност. И тие не треба да жалет подоцна зашто ние стекнуваме предност. Не бараме предност, ние се обидуваме да ја зачуваме рамнотежата и да ја осигуриме нашата безбедност.
Љубовниот живот на Путин останува непознат за јавноста, тој по 30 години брак се разведе од Људмила со која има две ќерки, денеска на шега рече дека – кога тогаш ќе се ожени повторно.
Билјна Ставрова
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ