Пуч во Судан, претседателот Башир уапсен

Револуција се случува во Судан. По неколку месечните протести, суданската војска одлучи да го собори од власта претседателот Омар ал Башир, и да ја распушти владата. Некои светски медиуми јавуваат дека Башир е уапсен, заедно со него и неколку министри. Во секој момент се очекува официјално соопштение од армијата, која самата го најави за она што се случува во главниот град Картум. Според информациите, група воени офицери наводно влегле во зградата на националната радио и телевизија, со барање да се вклучат сите програми. Сведоци велат дека војската е распоредена околу зградата, но и низ целиот Картум, а десетици илјади суданци веќе маршираат низ улиците. Радиото веќе емитува национални песни, истакнувајќи дека тоа се случува во земји пред да се случи државен удар. Трупи на оклопни возила се распоредени околу претседателската палата и министерството за одбрана. Во вчерашниот судири меѓу демонстрантите и владините сили загинаа 14 луѓе, јавуваат активистите.

Башир на власт дојде пред 30 години по извршен државен удар, а по 4 години Америка го ставија него и неговата влада на листата на спонзори на терористи, и им воведе санкции. Обвинет е во Хашкиот суд дека извршил геноцид во Дафур.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ