
Први парламентарни во Европа за време на корона вирус
Под сенката на корона вирусот, Србија е првата земја на европскиот континент која се одлучи нагло да ги укине рестриктивните мерки и да ги одржи парламентарните и локални избори. Со заштитни маски, ракавици и на дистанца Србите се охрабрија да излезат и да го остварат гласачкото право, почитувајќи ги препораките од здравствените власти. На гласачкото место треба на кратко да ја симнат маската за да се потврди идентитетот.
Не се очекуваат големи изненадувања од овие избори, најмногу поради тоа што славата на претседателот Вучиќ и неговата Српска Напредна Странка е речиси на врвот, со 61 % од претходните 44, кои се зголемија за време на пандемијата. Вучиќ ја искористи вонредната состојба и ја започна предизборната кампања, ставајќи се во улога на единствениот спасувач на нацијата. Лично низ Србија разнесуваше респиратори и медицинска заштитна опрема, а за тоа на дневна база ги информираше граѓаните, правејќи ја ситуацијата драматична дека не можеле никаде да се најадат.
Опозцијата го обвини за валкани избори, без кампања, во која граѓаните не ја виделе другата понуда. И поради тоа дел од нив се одлучија на бојкот.
ДРАГАН ЃИЛАС, ПАРТИЈА НА СЛОБОДА И ПРАВДА
- Факт кој од порано постоеше и кој доведе до бојкот на голем дел од опозицијата е тоа што ние во реалноста немавме избори. за демократски избори треба да имате услови за луѓето да слушнат нешто поинакво и слободно да се изразат. Ниту еден од овие услови не беше исполнет, смета Драган Ѓилас , претседател на опозициска „Партија за слобода и правда“.
Противниците велат дека изборните спотови на владејачката партија доминираа во најголем дел од медиумите кои Вучиќ ги контролира, без да има никаква критика. Но дека ја води најбруталната кампања со таргет на најранливите зборува и фактот дека за големиот број на заразени доктори од корона вирус, рече дека тоа не е ништо зашто државата за тоа ги образувала.
Дека изборите ќе бидат здодевни за домашната политика, го знаат сите. Најмногу поради фактот што Вучиќ ќе ја засили својата автократска моќ, освојувајќи над 50% во парламентот. Скептични се и Србите на Косово.
- Лично, не очекувам нешто од овие избори, затоа што се продукт на моќ на претседателот и неговата партија кои сакаат да создадат притисок и по секоја цена Србите да излезат и да гласаат, вели Мирослав Гучиќ, жител на Грачаница.
Прашањето за Косово останува вжештена дебата. Дијалогот продолжува на 27-ми, но овојпат во Вашингтон, под будното око на Белата Куќа.
- На надворешен план, прашањето е дали претседателот ќе продолжи со својата про-кинеска еуфорија која почна за време на пандемијата, или ќе ги зајакне релациите со Западот, посебно со САД, кој е многу важен партнер во решавањето на прашањето за Косово. Фактот што два дена по изборите, претседателот Вучиќ ќе отпатува во Москва на средба со претседателот Путин е сигнал дека Србија се врти накај Истокот, смета Бошко Јакшиќ, политички аналитичар.
По изборите се очекува понатамошна деградација на институциите, што е заштитен знак на владејачката Напредна Странка, велат аналитичарите. Ова ќе продолжи се додека Србите не се одлучат да реагираат.
Алиса Шутиноска