Прва жртва на демонстрациите во САД, Трамп не знаел од каде потекнува спорната фраза

„Од пандемија на корона вирусот кон пандемијата на расизам и полициска бруталност врз црномурестото население“, вака аналитичарите ја оценуваат состојбата во САД по повеќе дневните протести поради насилната смрт на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Едно 19-годишно момче е убиен од огнено оружје за време на синоќешниот протест во Детроит. Смртоносните истрели дошле од еден џип од кој што се пукало врз демонстрантите. Полицијата во Детроит тврди дека уличните демонстрации ги воделе луѓе кои не се граѓани на Детроит.

И покрај полицискиот час четврта ноќ по ред демонстрантите излегоа на улиците на Минеаполис. Не стивнува бесот на афромаериканците по смртта на Џорџ Флојд протести имаше и во Њујорк, Атланта и Вашингтон.

  • Не се плашам. Не сум Исплашен. Повреден сум. Лут сум. Но, не се плашам. Јас воопшто не се плашам. До моите бели браќа, ве сакам. До секоја раса овде, ве сакам. Но сега доѓаме до точката, ако ти мене ме сакаш и не стоиш покрај мене, тогаш љубовта не ти значи. Немаме избор освен да престанеме да бараме, време е да почнеме да земаме. Време е да почнеме да земаме, рече Стефан Џексон, поранешна НБА ѕвезда.

Градоначалникот на Минеаполис се обиде да ги смири граѓаните порачувајќи им дека не е никаква чест и гордост да се подметнуваат пожари во сопствениот град.

  • Не постои гордост во палењето на вашиот град. Нема гордост во грабежите. Локалните претпријатија кои станаа институции на нашето соседство. Тоа се институции на кои сметаат луѓето, посебно во време на пандемија, вели Џејкоб Фреј, градоначалник на Минеаполис.

Гувернерот на Минесота ја мобилизираше Националната гарда, која делува на терен, каде бројот на војници е трипати поголем од оној во 60-тите, за време на најголемите расни немири во САД.

  • Силите кои се надвор се трипати повеќе од оние во 60-тите, за време на најголемите расни немири. Тие се способни за акција со капацитет за офанзива, тие го спроведуваат тоа, изјави Тим Волц, гувернерот на Минеаполис.

13 часа откако Трамп се послужи со јазикот на шефот на полицијата на Мајами од далечната 1967 и предизвика засилен активиз за граѓански права дека „кога започнува грабежот, започнува и пукањето“, а твит кој беше симнат од мрежата, денеска тој се правда, не знаел од каде потекнува фразата.

Доналд Трамп, претседател на САД (титл)

  • Одамна сум ја чул таа фраза, не знам од каде потекнува, рече Трамп.
  • Од 1967, од шефот на полицијата на Мајами, го потсети новинарката.
  • Па не знам сум ја чул и на многу други места, сум ја слушал подолго време, ја употребуваат мноштво луѓе. И искрено, тоа значи дека кога се ограбува, луѓето биваат застрелани и умираат. А ако погледнете што се случуваше синоќа и ноќта предходно, тоа доста вообичаено, рече американскиот претседател.

Полицаецот кој осум минути со колено го стиска на вратот Флојд е упасен и обвинет за убиство од трет степен, сега Дерек Човин е соочен со 35-годишна затворска казна. ФБИ го стави случајот прв на листата на своите приоритети.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ