
Прв смртен случај од коронавирусот во Грција
Во Грција рано утрово беше регистрирани првиот смртен случај од коронавирусот, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови беше критична состојба.
Лицето беше дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет.
Министерството за здравство на Грција соопшти дека 66-годишниот Грк, претходно имал здравствено проблеми, а на 2 март 2019 бил хоспитализиран, а во изминатите шест дена беше префрлен во Одделението за интензивна нега.