Прв смртен случај од коронавирусот во Европа

Кинески турист почина во Франција откако бил заболен од коронавирусот. Ова е прв смртен случај надвор од Азија. Жртвата е 80-годишен човек од кинеската провинција Хубеи, соопштија француските здравствени власти. Пристигнал во Франција на 16-ти јануари, но во карантин во париската болница бил ставен на 25-ти јануари. Неговата состојба се влошила и била критична неколку дена, и покрај интензивната нега. Неговата ќерка исто такаго има новиот вирус Квид 19, и е хоспитализирана во истата болница, но нејзината здравствена состојба не е загрижувачка, и наскоро ќе биде пуштена на домашна нега, соопштија фрнацуските здравствени власти.

Надвор од Кина, досега се регистрирани три смртни случаи, во Хонг Конг, на Филипините и во Јапонија.

Во меѓувреме, коронавирусот зафати уште еден континент. Египет вчера го потврди првиот случај со вирусот. Човекот е странец, но бил регистриран на аеродром, преку термалните камери.

Кина денеска пријави 2.641 случаи на новозаразени со коронавирусот. Бројката е значително помала од претходните денови, откако се применува поинаков дијагностички метод.

Кинеската Национална здравствена комисија соопшти дека од новиот коронавирус починале 143 лица со што вкупниот број на жртви во Кина се искачи на 1.523. Вкупно инфицирани од новиот коронавирус се 66.492 лица.

Втор ден по ред бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус бележи пад.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ