
Протестите во Венецуела продолжуваат, Мадуро повика на предвремени избори
Меѓународна хуманитерна помош или предвремени избори, ветуваат венецуелските претседатели на своите подржувачи. Предводени од главниот град Каракас, ширум целата земја се одржаа одделни протести во подршка на претседателот на Националното собрание Хуан Гуаидо, самопрогласениот лидер на земјата и претседателот Николас Мадуро.
Од престолнината Гуаидо повторно ја повика армијата да му се приклучи.
Војници, дојде времето, моментот да ја објавите вашата подршка за уставот, хуманитарната помош и промените за вашите семејства, вашата држава и за честа на венецуелските вооружени сили, порача Гуаидо.
Мадуро пак пред своите подржувачи ги обвини САД и Гуаидо дека се обиделе да извршат пуч и повика на предвремени избори.
Ново Национално собрание, дали се согласувате со тоа? И јас се согласувам. И стојам позади таа одлука. Дали сакате избори? Дали сакате предвремени избори? Да имаме предвремени избори тогаш?, најави Мадуро.
20 земји го признаа Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела откако тој за време на протестите на 23 јануари се самопрогласи за претседател на земјата. Денеска истекува рокот кој 8 европски земји, меѓу кои Велика Британија, Франција, Шпанија и Германија му го поставија на Мадуро, доколку во рок од три денови не распише претседателски избори и тие ќе го признаат Гауидо за легитимен претседател. Русија, Кина и Турција се единствените повлијателни земји кои јавно изразија подршка за Мадуро.
Игор Трајков