Топ Тема на Ваша страна: Протести на опозицијата во соседството (18.03.2019)

Балканот под протести. Во Србија „Еден од пет милиони“ – опозицијата бара слободни медиуми и предвремени избори . Вучиќ им возвраќа: ,,На власт се доаѓа легитимно, а не со пили и упади“. Тензии и во Албанија – судири со полицијата, солзавец, бурни протести – се бара смена на власта на Рама. Оставка на владиниот естаблишмент бараат и демонстрантите во Црна Гора – протестираат за смена на владата на Ѓукановиќ заради злоупотреба на службената должност и корупција. Во Топ Тема на Ваша страна се вклучуваме во живо од настаните во Белград. Во студиото дебатираат новинарите Зоран Димитровски, Жељко Шаин и аналитичарот Ризван Сулејмани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.