
Протести во Шпанија поради ослободување обвинети за силување
Десетици илјади луѓе демонстрираа во Памплона за ослободување група муслимани кои беа обвинети за силување. Петмина жители на Севилја, на возраст од 27 до 29 години, осудени се на девет години затвор поради „сексуално злоставување“ на 18-годишна девојка од Мадрид, за време на прослава во Памплона во летото 2016 година.
Покрај протестите, повеќе од 1,2 милиони луѓе за два дена потпишаа петиција со која се бара од Врховниот суд на Шпанија да ги дисквалификува судиите кои ослободија пет лица од обвинувањето за „силување“ и ги осудија на затворска казна поради „сексуално злоставување“.
Конзервативната шпанска Влада соопшти дека ќе ја разгледа можноста за реформи на кривичниот законик, затоа што во постоечкиот закон како предуслов бара во делото да има заплашување и насилство.