Протести во Русија поради пензиската реформа

Повеќе од 10 илјади луѓе учествуваа во денешните протести во повеќе градови во Русија за да го искажат својот револт кон новиот владин предлог за зголемување на старосната граница за одење во пензија. Долниот дом на рускиот парламент го изгласа владиниот предлог закон, со кој мажите, наместо на 60 години, ќе одат на 65 во пензија, а жените од 55 на 63 години. Организатор на протестите е Комунистичката партија на Русија, кои заедно со синдикатите тврдат дека со новата реформа, луѓето нема да доживеат исплата на пензија, со оглед на краткиот животен век во земјата, кој според СЗО е 70 години.

Од владата велат дека реформата е потребна за да се зголеми економскиот раст, кој изминатава година значително е намален поради санкциите кои Америка и ги наметна на Русија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ