Протест за почист град – Рим вели доста е
Илјадници римјани протестираа денеска со барање за почист град. Протестот наречен, Рим вели доста е, го организираа шест жени, незадоволни од условите низ улиците на градот.
- Ситуацијата се влошува, Рим е комплексен град, со комплексни проблеми, сугурно ситуацијата е наследена, не е лесно. Но состојбата во градот се влоши, инаку не би имало толку многу грашани денеска овде, изјави Татиана Кампионе, организатор на протестите.
- Доволно е да се направи обиколка околу градот, ние живееме во ЕУР, тоа е станбен комплекс, квалитетен. Сега се претвори во подрачје во кое ние се давиме во смет, јавниот превоз не работи правилно, на моите деца им е тешко да се вратат дома на вечер, бидејќи бројот на возењата е намален и нема веќе сервиси вредни за вложување, смета Давид Чиаринтини, жител на Рим.