
Протест против заострување на условите за поседување оружје
Повеќе илјади поддржувачи на правата на сопствениците на огнено оружје се собраа денеска во центарот на американскиот град Ричмонд, во знак на протест против заострување на условите за поседување оружје во сојузната држава Вирџинија.
Голем дел од присутните на протестот во главниот град на Вирџинија дојдоа со различни видови огнено оружје, вклучувајќи и автоматски и полуавтоматски пушки
Протестот беше обезбедуван од полицијата околу зградата на парламентот, каде не може да се влезе со огнено оружје.
Законите за поседување огнено оружје во Вирџинија важеа за прилично либерални, но демократското мнозинство воведе одредени рестрикции во јануари.
Тоа ги вознемири сопствениците на оружје, во чија поддршка застана и американскиот претседател Доналд Трамп.