
Протест против еколошките проблеми- голи велосипедисти во Лондон
Стотина велосипедисти учествуваа во Светското возење на велосипед 2019 во центарот на Лондон. На годинешната парада можеше да се видат храбри луѓе кои излегле на улица без својата облека во знак на протест против еколошките проблеми и загриженост за сигурноста на патиштата.
Некои од нив имаа испишани слогани на своите тела, додека пак други ги имаа сокриено само срамните делови на телото. Парадата траеше околу два часа.
Целта на активистите е да ја подигнат свеста по прашањето за глобалната зависност од нафтата, правата на велосипедистите на улиците и во истовреме да ја прослвата слободата на голото тело.