Пронајдени 50 килограми кокаин на школки брод- уапсен црногорски подофицер

Подофицерот на црногорската војска Душко Раденовиќ е уапсен под сомнеж дека занел за намерата на засега се уште непознатата особа да го криумчари кокаинот којшто црногорската воена полиција го запрели вчера на бродот за обука „Јадран“ на Тиват.

Покрај 50 килограни кокаин на бродот е пронајдено оружје и илегална посада.

Дрогата била откриена врз основа на оперативни информации на Министерството за одбрана на Црна Гора пред испловување на бродот.

Вчера, под команда на капетанот на Корветата Зоран Ивановски, на бродот требаше да се качи 36 студенти и четворица професори од поморскиот факултет од Котор на двонеделен крстарење до Истанбул во Турција и Пиреја во Грција. Додека студентите се подготвуваа да го започнат своето патувањее и да се качат на бродот, стигна веста дека е откриена дрога во нивниот брод.

Според неофицијалните податоци полицијата наводно при истрагата пронашла поголема количина на дрога отколку што првично претпоставувале истражителите. Нуркачите проверка направија и под бродот „Јадран“ за го прегледаат и трупит на бродот и морското дно.

Школскиот брод „Јадран“ веќе долги години се употребува за школски крстарења на младите морнари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ