Пронајдена бомба на еден од аеродромите во Лондон

Лондонски аеродром е затворен кога бомба од Втората светска војна била пронајдена во близина на реката Темза. Аеродромот Лондон Сити ќе биде затворен цел ден и сите летови се откажани, а тоа ќе има влијание врз 16.000 патници, изјави портпаролката на аеродромот.

Бомбата била откриена вчера попладне во рамките на планираните работи на аеродромот во источен Лондон, соопшти полицијата. Аеродромот бил затворен во недела во 22 часот, а полицијата работи заедно со Кралската морнарица за отстранување на бомбата.

На патниците им беше наложено да не одат на аеродромот и да ги повикаат авиопревозниците за инструкции.

Роберт Синклер, извршен директор на аеродромот, им се извини на патниците за непријатноста посочувајќи дека ситуацијата ќе се реши што е можно побрзо.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ