
Продолжува ракетирањето меѓу Израелците и Палестинците
Еден израелски цивил загина а шестмина Палестинци беа убиени во третиот ден од интензивните гранатирања и воздушни напади дол границата меѓу Појасот Газа и Израел. Според израелската армија загинатиот цивил бил погоден од шрапнел кога граната на Хамас паднала до неговата куќа. Палестински Хамас пак од своја страна го обвини Израел дека во нивните воздушни напади загинала една жена и нејзината 14 месечна ќерка.
Имаше многу бомбардирање, соседите беа тешко погодени, сцената на улицата беше неопислива. Луѓето беа преплашени и трчаа, сите си ги бараа децата. Ништо не се гледаше и откако првата ракета удри сите почнаа да викаат, и деца и возрасни, изјави жителката на Газа Ум Ала Абу Абса.
Израелците отфрлија одогворност и вината ја префрлија кај Хамас, тврдејќи дека ракетата во која загинале цивилите била истрелана од борците на Хамас но не ја погодила својата цел.
Хамас ја носи одговорноста, не само за нападите и нивните постапки, туку и за постапките на Исламскиот џихад и ќе плати висока цена за тоа. Барам од Израелскиот народ стрикно да се придржува до инструкциите од Командата на израелскиот домашен фронт, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Ваква интензивна размена на оган се случува прв пат по израелската воена интервенција во Газа во јули и август 2014 година, кога загинаа 67 израелски војници и 2251 Палестинец од кои 1462 цивили. Минатиот месец, Израелците и Палестинците постигнаа примирје со посредство на Египет и ОН, но малку подоцна беше отфрлено од Хамас кој го обвини Израел дека ги прекршил договорените услови.
Игор Трајков