
Притворена директорката на компанијата-сопственик на трговскиот центар во Кемерово
Јулија Богданова, генерална директорка на компанијата, во чија сопственост е трговскиот центар во Кемерово денеска е притворена.
Против Богданова наскоро ќе биде подигнато обвинение според рускиот кривичен закон поради кршење на правилникот за безбедност од пожар, бидејќи таа не презела никакви мерки за решавање на недостатоците во системот за заштита од пожар во трговскиот центар.
Во пожарот што избувна на 25 март загинаа 64 луѓе, од кои 41 дете.
Во средата на закупец на трговскиот центар „Зимска вишна“ Надежда Судјонок и е одреден двомесечн притвор под обвинение дека не ги исполнила неопходните безбедносни мерки.
Огнот се прошири од четвртиот, највисокиот кат на трговскиот центар каде беа кино салите и куглана и зафати околу 1.600 метри квадратни. На видео снимките што беа објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето скокаат од прозорци за да се спасат од огнот.