Претставничкиот дом на САД со резолуција- да продолжи истрагата за импичмент на Трамп

Претставничкиот дом на САД донесе резолуција за официјално да се продолжи со истрагата за импичмент против претседателот Доналд Трамп. Само двајца демократи гласаа против резолуцијата, заедно со сите републиканци, односно „за“ беа 232, а 196 „против“. Гласањето е првиот формален тест на поддршка за истрагата што ја започна претседателката на Претставничкиот дом, Нанси Пелоси.

  • Ние се собираме овде на овој ден со нашите семејства собрани околу себе, со гордо кревање раце за да го заштитиме и браниме Уставот на Соединетите држави. И тоа е токму она што го направивме денес. За жал, ова не е никаква причина за радост или утеха. Ова е нешто што е многу свечено, нешто молитвено, рече Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом.
  • Ова е невидено, не само што е невидено, ова е во Советски стил. Можеби во Советскиот сојуз, можете да правите вакви работи, таму каде што вие ги поставувате правилата, ја отфрлате можноста за обвинето лице дури и присутно, да прашува што се случува, некој друг да повика сведоци или само едно лице има право да свикува сведоци, возврати Стив Скејлис, Републиканец.

Трамп на Твитер напиша ова е најголемиот лов на вештерки во американската историја.

Во истовреме денеска, службеник на Белата куќа започна да сведочи во истрагата за импичмент. Се очекуваше тој да ги потврди наводите за ветената американската воена помош за Украина.

А граѓаните очекуваат импичментот да донесе прочистување на политичката сцена.

  • За средовечни, луѓето како мене, кој знае, кој знае? Тешко е да се каже. Тешко е да го гледате секој ден. Гледајќи ги вестите секој ден и поделбата и расправите што траат секој ден, тоа е тешко за гледање, вели Бил Кети, жител на Њујорк.
  • Мислам дека не може да биде полошо. Мислам дека ова би можело да биде катарза. Знаете, прочистување пред заздравување, но дефинитивно треба да се расчисти, вели Мајкл Браули, жител на Њујорк.

Што ќе се случува сега кај когресмените – Демократите ќе продолжат со истрагата, ќе кулминираат драматичните јавни расправи и (можеби) гласање за импичмент. За прв пат од 1998 година, Претставничкиот дом презема значаен чекор кон отповикување претседател.

Истрагата за импичмент се фокусира на тоа дали Трамп се обидел да изврши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленскиј да му помогне во неговата реизборна кампања во 2020 година, по покренување истрага на еден од неговите ривали, демократскиот поранешен потпретседател на САД, Џо Бајден.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ