
Претседателот Трамп го потпиша досега најголемиот Буџет за Пентагон
Пентагон доби досега најголем буџет во износ од над 700 милиајрди долари што е многу повеќе пари за одбрана отколку што издвојуваат двата главни американски конкуренти, Кина и Русија.
Тоа ќе значи дека американската армија ќе може да плати дополнителни илјадници војници, повеќе обука, бродови и многу друго, јавуваат американски медиуми. Следната година буџетот ќе се зголеми на 716 милијарди долари. Буџетот вклучува огромно зголемување за трошоците за армијата.
Повеќе пари не се наменети за борба против нов непријател или поединечни закани како што е Ал Каеда или Русија, туку за широк спектар на проблеми, вклучително зголемување на обуки и осовременување на одбранбениот ракетен систем, наведуваат американски медиуми.