Претседателот на француското Собрание под истрага поради финансиска злоупотреба

Претседателот на Националното собрание на Франција, Ришар Феран, близок сојузник на претседателот Емануел Макрон, е ставен под официјална истрага за наводна финансиска злоупотреба, соопшти Собранието.

Феран ги негираше обвинувањата и е уверен дека случајот ќе биде отфрлен.

Овој потег, кој следеше по долг распит на Феран во текот на вчерашниот ден, најверојатно ќе предизвика преиспитување на ветувањето на Макрон за „чистење“ на француската политика.

Според францускиот закон, ставање под формална истрага значи дека постојат „сериозни или конзистентни докази“ кои укажуваат на можна вмешаност на осомничениот во кривичното дело.

Првичната истрага на француското Јавно обвинителство за финансиското работење на Феран беше заклучена кон крајот на 2017 година, при што Феран поднесе оставка како министер за време на таа истрага.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ