
Престрелката во Лиеж е терористички чин
Белгиското Кралско обивнителство денеска потврди дека вооружениот инцидент во Лиеж го третира како терористички чин, јави дописничката на МИА.
Властите се сомневаат дека напаѓачот се радикализирал додека бил во затвор.
Во престрелката во Лиеж загинаа четири лица, двајцва полицајци, случаен минувач и напаѓачот, а повредени се двајца.
Утрово околу 10 часот и 30 минути во белгискиот град Лиеж се случи престрелка помеѓу 36-годишен маж и двајца полицајци. Мажот кој првично на себе имал само нож успеал да го украде огненото оружје на еден од полицајци, по што ги застрелал и избегнал. Во престрелката загинал уште еден случаен минувач, а повредени се најмалку уште две лица.
Мажот потоа се упатил кон училиште во близина и земал жена за заложничка, по што полицијата го застрелала.
Напаѓачот е идентификуван како Бенжамин Херман, роден 1982 година. Тој вчера бил пуштен од затвор, и се сметал за маргинален и насилен, но не бил познат за терористички дела.
Нивото на терористичка закана во Белгија останува непроменето.
Во 2011 година во Лиеж маж уби четири лица и повреди сто луѓе, а потоа се самоуби.