Најмалку четворица загинати во вооружен инцидент во Лиеж

Во вооружениот инцидент во белгискиот град Лиеж загинаа четири лица, двајца полицајци, напаѓачот и случаен минувач.

Според белгиските медиуми, напаѓачот прво почнал да пука во кафуле, а потоа земал една жена за заложник и се скрил во училиштето во близина, при што бил елиминиран од полицијата.

Според последните информации во инцидентот загинал и случаен минувач.

Судски и полициски извори брифираат дека престрелката која се случи во Лиеж, при што загинаа и двајца полицајци, најверојатно е терористичко дело.

Медиумите објавија дека напаѓачот е Бенжамин Херман, роден 1982 година. Тој во понеделникот бил пуштен од затвор, се сметал за маргинален и насилен, но не бил познат за терористички дела или по насилна радикализација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ