
Контрадикторни информации околу постигнувањето на Договор за излез на Велика Британија од ЕУ
Контрадикторни информации оклу постигнувањето на Договор за излез на Велика Британија од Европската унија. На амбасадорите на 27 земји во ЕУ денеска на состанок во Брисел им било соопштено дека се уште не е постигната договор со Велика Британија околу условите за нејзино излегување од ЕУ, информираат дипломатски извори. Амбасадорите на земјите во ЕУ, без Велика Британија, беа свикани денеска на средба и некои посочија дека надзира зделка. Но, европските официјални претставници изјавија дека се уште недостасува договор и дека ќе бидат потребни повеќе. Претходно порталот „Политико.еу“ од Брисел, повикувајќи се на тројца дипломати на ЕУ објави дека преговорите за Брегзит завршиле со постигнување договор .