
Предвремени избори во Велика Британија на 15-ти октомври?
Борис Џонсон денеска се соочува со нова битка во Парламентот, по синоќешниот дебакл, откако 20-тина негови сопартијци се здружија со опозициските Лабуристи и гласаа за носење на закон со кој ќе се спречи Брегзит без договор.
Со 328 гласа ЗА и 301 ПРОТИВ, пратениците практично ја вратија контролата врз работата на парламентот, и денеска ќе гласаат за законот со кој се бара одложување на Брегзит, односно излезот од ЕУ да се продолжи за три месеци, до 31 јануари 2020 година.
Џонсон се закани дека ако денска се изгласа законот, ќе биде приморан да распише предвремени избори пред официјалниот рок за Брегзит, 31 октормври. „Народот во оваа земја ќе мора да одлучи“ рече Џонсон, и додаде дека парламентот е „на работ да уништи каков било договор“, што неговата влада ќе може да го постигне со ЕУ за условите за излез на Велика Британија од Унијата.
Се уште не се знае точниот датум за предвремените избори, но Би Би Си дознава дека се размислува за 15 октомври, два дена пред клучнот самит на ЕУ лидерите кога ќе треба да се одлучи за тоа дали да се отвори договорот, потпишан од Тереза Меј и да се направат измените кои ги бара Џонсон.
По заканите на Џонсон, за избори, Лабуристите возвратија дека нивниот закон со кој ќе спречат излегување од унијата без уредени идни односи, ќе биде донесен пред изборите.
Во меѓувреме, се остварија и шпекулациите, дека 21 пратеник од Конзервативната партија кои гласаа заедно со опозицијата, ќе бидат исклучени од партијата.