Познатиот готвач Бордејн богатството го оставил на својата ќерка

По долго исчекување, вчера беше официјално прочитан тестаментот на познатиот готвач и кулинарски патеписец Ентони Бордејн, кој почина пред помалку од еден месец.

Иако се шпекулираше дека неговиот имот е вреден дури 16 милиони долари, копија од тестаментот од судот во Менхетен, објавена од страница на NY Daily News, покажува дека таа вредност всушност изнесува околу 1,21 милион долари.

Според објавените документи, Бордејн поседувал 25.000 долари на сметка, 35 000 долари во акции и 250 000 долари во лични предмети. Речиси половина милион долари Бордејн заработил од авторски права и реклами.

Во тестаментот што го составил во 2016 година се наведува дека поголемиот дел од своето богатство Бордејн го остава на својата ќерка Аријана, која има 11 години.

Познатиот готвач и водител на наградувани кулинарски емисии на 8 јуни се обеси во хотелска соба во Кајзерсберг, мало село во Франција. Таму снимал нови епизоди од неговата позната серија Parts Unknown.

Аутопсијата покажа дека во времето на смртта, спротивно на некои шпекулации, во организмот немало наркотици, објавија француските власти пред две недели.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ