
Пожарот на Халкидики се шири брзо
Шума и сува трева горат во реонот на Каламици, на вториот крак на Халкидики, а пожарот се шири брзо, поради ветрот. Огнот го гасат 14 против-пожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а автомобилите се паркираат странично бидејќи не можат да го продолжат патувањето.