Пожарите ја пустошат амазанската прашума, а Болсонаро ги разгорува односите со ЕУ

17-ти ден пожарите ја пустошат амазанската прашума, а бразилскиот претседател Болсонаро ги разгорува односите со ЕУ. Тој ја одби помошта на лидерите на Г-7 за борба против пожарите во Амазонија, нарекувајќи го тоа колонијалистички чин.

Макрон истакна дека лидерите на Г-7 се согласиле да издвојат 20 милиони долари за борба против пожарите, како и долгорочна иницијатива за заштита на прашумите. Но, Болсонаро е на ставот дека Западот сака да ги искористи бразилстките природни богатства.
-Го почитуваме вашиот суверенитет, тоа е ваша држава, тоа е Бразил. Ќе бидам јасен, никогаш не сум бил двосмислен. Видете темата Амазонски прашуми го засега целиот свет и можеме да помогниме со пошумување, можеме да најдеме средства за вашиот економски развој кој ќе го почитува природниот баланс, не можеме да ви дозволиме да уништите се, истакна Макрон.
Лидерот племето Кајапо, кое живее во јужниот дел на амазонската прашума, изрази благодарност до францускиот претседател.

-Како што сфативме од разговорите со него (со Макрон) тој ќе ги убеди другите шефови на држави да се соберат средства кои навистина би биле милионски суми, не знам точно, а фондот би се користел за борба против пожарите во Амазон, рече Раони Матукире, лидер на племето Кајапо.

Тие веруваат дека претседателот Болсонаро ги охрабрил земјоделците да ја палат шумата, а голем бројот на рударските и земјоделски компании имаат заштита од него.

Бразилската сојузна агенција соопшти дека ќе ги истражи наводите дека фармери во бразилската држава Пара на 10 август, кога избувнаа пожарите, повикале на „Ден на пожарите“.

Пожарите во Амазонија, кои траат 17 дена, се уште не се ставени под контрола. Чиле и Еквадор понудија помош во авиони за гасење на пожарот, а Уругвај нуди помош во обнова на шумата.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ