
Повторно инциденти на грчко-турската граница кај Еврос
Грчката гранична полиција со солзавец и водени топови утрово спречи уште еден обид на мигрантите да ја пробијат оградата на грчко-турската граница, додека турската полиција исто така употреби сосолзавец, но на . По вчерашниот мирен ден, денеска повторно продолжија инцидентите, а и понатаму, остануваат групи бегалци и мигранти на турска територија и покрај затворената граница.
Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа, од шест часот вчера, до шест часот утрово биле спречени 2.867 обиди за нелегален влез во Грција на грчко – турската граница, зголемувајќи го вкупниот број на спречен влез на речиси 40.000 мигранти.
- Тоа со што се соочуваме таму е масовно придвижување на мигранти кон грчките и европските граници, мигранти кои со години престојуваа во Турција. Имаме јасни докази дека ова движење е создадено и оркестрирано од Турција и сакам да бидам јасен за ова. ЕУ нема да ја дозволи инструментализацијата на човечкото страдање, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.
Бројот на мигрантите од турската страна на границата се зголемува и тие продолжуваат да чекаат во надеж дека границата ќе биде отворена или пробиена. Локалното население како на островите така и на копно им помага на властите да ги фатат мигрантите кои се пробиле преку границата.
- Бараме мигранти, седиме на крстопатот и тие доаѓаат. Повеќето ги апсиме, всушност ги задржуваме тука, ја викаме полицијата и тие доаѓаат и ги апсат. Тогаш станува работа на полицијата, нас не не интересира каде ги носат. Ние само се обидуваме да им помогнеме на армијата и полицијата, вели жител на Аморио.
Во меѓувреме европската гранична агенција ФРОНТЕКС, ќе ги започне операциите за подршка на Грција следната недела. Агенцијата ќе испрати 100 агенти и неколку бродови и хеликоптери кои ќе патролираат над и околу грчките острови а операцијата се очекува да трае најмалку 2 месеци.
Според за сега непотврдени информации ја затворила границата кај преминот Пазаркуле и повеќе не пропушта мигранти. Информацијата доаѓа по синоќа постигнатиот договор меѓу турскиот и рускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин за примирје во сириската провинција Идлиб и создавање на безбедносна зона.
Игор Трајков