Премиерката на Хонг Конг ќе го повлече законот кој предизвика насилни протести

Премиерката На Хонг Конг, Кери Лам денеска треба и официјално да го повлече контроверзниот закон за екстрадиција, кој предизвика насилни протести во изминативе три месеци во овој град-држава под контрола на Кина. Протестите почнаа во јуни поради законот кој предвидува осомничените лица од Хонг Конг да се екстрадираат во Кина и таму да им се суди. Сето ова предизвика немир во јавноста, која смета дека на тој начин се убива слободата и демократијата која на Хонг Конг и ја вети Кина, откако Велика Британија ја врати автономијата на градот кој беше нејзина колонија.

Не се знае дали потегот на Лам ќе помогне да се смират протестите, кои бараат покрај повлекувањето на законот, бараат и оставка од премиерката. Протестите продолжија и синоќа, а полицијата исто така не ја смирува бруталноста. Во новиот судир со демонстрантите повторно употребија гумени куршуми и солзавец, а потоа ги отстрани демонстрантите од метро станиците Монг Кок и Принц Едвард, а едно лице е изнесено на носилка со маска за кислород. Две лица се хоспитализирани, но се во стабила состојба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ