
Повеќе од 70 загинати во пожар во Дака
78 луѓе загинаа, а 50 се повредени во пожар кој избил во станбена населба во Дака, главниот град на Бангладеш. Пожарникарите успеале пожарто да го стават под контрола за девет часа. Пожарот се случил доцна синоќа во стариот дел на Дака, во една четворокатница, каде на приземјата од зградите има продавници, ресторани и магацини. Брзо се проширил и на соседните згради.
Пожарникарите соопштија дека најшле 78 опожарени тела, но потрагата продолжува портади што се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми. Причината за пожарот не е позната, но на некои катови имало магацини за хемикалии и пластика.